|
09.04.2007 |
|
Со Flex, американскиот концерн сака да направи нов спој на
различни возила во едно. Седумседот потсетува на еден многу познат модел.
Главниот креативец на Ford, Ј. Мајс, e убеден дека Flex се издвојува од
другите кросовер модели. Но, нам некако премногу ни личи на Range
Rover, кого Land
Rover денес го произведува под покривот на концернот Ford.
Можеби разликата е во внатрешноста:
меѓу седиштата во средниот ред има моќен ладилник, за пијалокот секогаш да е со
вистинската температура. И не само поради тоа е најдобро во Flex
да се седи во средниот ред. Ford измерил дека тука има најмногу простор за нозе во
класата, па дури може да се извлечат и потпирачи за нозете. Преку големиот
стаклен покрив продира светлина внатре. Последниот ред седишта целосно се
преклопува во подот и дава рамен под за товар.
За забава има џубокс, со кого се ракува
преку монитор на допир или со гласот, а памти 2.300 песни. Има уште режач за
цедеа, шесткратен шаржер за цеде и дивиди со монитор од осум инчи.
{mpg}09Flex_01{/mpg}
Сиот овој товар го влече 3,5-литарски V6 со 260 КС, преку шестстепен автоматик. Погонот е на сите
тркала. Новиот кросовер ќе почне да се продава догодина, на лето.
|