|
08.02.2008 |
Разубавениот Ford Focus Coupe-Cabrio се
појавува на сцена токму еден месец пред да дебитира на салонот во Женева и е
последниот модел од низата во гамата на Focus.
Отворената верзија на Focus ќе се
појави на пазарот подоцна и како и претходникот ќе се произведува во фабриката
на Pininfarina во Биаро. Focus СС продолжува
да биде лидер во класата по зафатнина на багажникот кој со затворен кров нуди
масивни 534 литри, а со склопен кров сеуште прифатливи 248 литри.
Однапред Fosuc CC го носи дизајнерскиот печат на целата гама кој
продолжува и во внатрешноста. Инструментите светат со спортски црвена боја,
автомобилот се стартува без клуч, тука се и конекциите Bluetooth и USB, а на
листата на опции се наоѓа 7 инчен touchscreen дисплеј кој оди во
пакет сo системот за навигација.
Моторната понуда стартува од 1.6 литарскиот бензинец со
100 КС, а завршува со дизелот од 2.0 литри Duratorq со 145
коњски сили. Сите мотори се достапни или со пет степен мануелен менувач или со
автоматик.
|