Концептната верзија на Ford Focus RS прв пат
беше претставена на салонот во Лондон во јули кога одговорните најавија дека
автомобилот е во завршна фаза на развој.
Според плановите на Ford високо
перформансната верзија на Focus наречена RS треба да стартува
со продажба во првото три месечје на 2009.
Меѓутоа Ford нема да го чува автомобилот во апсолутна тајност. Туку
полека ќе го открива подгревајќи ја љубопитноста кај публиката пред
официјалното претставување кое најверојатно ќе се случи на салонот во Женева.
Тука се сокрива и една отстапка. Посетителите на
последниот специјален брзински испит на релито во Велика Британија, последно од
шампионатот, кој се возеше на затворена патека во Кардиф, имаа можност на кусо
да го видат Focus RS во акција.
Автомобилот на патеката го изведе Летечкиот финец,
двократниот светски шампион во рели Маркус Гронхолм. Кус излет и толку.
Следната претстава како што рековме е во Женева.
Ford уште во Лондон објави дел од најзначајните елементи,
како моќноста на 2.5 литарскиот турбо бензинец и конструкцијата на подвозјето,
кои се виновни за најавените бесни перформанси на RS.
Новина се информациите за забрзувањето, максималната
брзина и максималниот вртежен момент. Тој ќе изнесува 440 Nm што е за
30 Nm повеќе од претходно најавените 410 Nm.
Тест возачите на Ford со полн
резервоар биле катапултирани од Focus RS до темпо
100 за 5,9 секунди и успеале да фатат максимална брзина од 264 km/h.
Купувачите ќе можат да го нарачаат Focus
RS во три бои сина прикажана на фотографиите, бела, зелена во која беше обоен
концептот во Лондон и неизбежната комбинација од сина и бела.
Понатаму клиентите ќе можат да изберат детали од облогите
на седиштата и на вратите да бидат обоени во боја на каросеријата, доколку се
работи за стандардни преслеки од микрофибер.
Оставена е и опција за целосно кожен ентериер во црна
боја. Без оглед на преслеките возачот и совозачот секогаш седат во тркачки кади
на Recaro, а погледот ги милува деталите од четкан алуминиум и
карбон-фибер вметнати во пречките на воланот, арматурата и централната конзола.
Спортското оркужување го комплетираат дополнителните
мерачи кои го прикажуваат притисокот во турбо полначот, притисокот на маслото
во моторот и волтметар поставени на врвот од арматурата и свртени кон возачот.
Ford ја објавува и цената на Focus RS која
стартува од 39.000 евра.
|