Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ford Focus RS официјални детали
04.07.2008
ford-focus-rs-1.jpgНабрзо откако се појавија првите шпијунски фотографии и откако информациите за Focus RS протекоа во јавноста во Ford одлучија и  официјално да го претстават.

Иако премиерата е закажана за салонот во Лондон кој ќе се одржи месецов, сепак, јавноста има можнот да се запознае со Focus RS порано и одблиску. Добро е што покрај фотографиите откриени се и интересни детали.

А најинтересниот меѓу нив е најавата дека 2.5 литарскиот турбо бензинец ќе испраќа до предните тркала дури 300 коњски сили и максимален вртежен момент од 410 Nm, доволни за спринт до 100 km/h за помалку од 6 секунди и максимална брзина од 250 km/h. Менувачот е мануелен со шест степени, а диференцијалот го испорачува Quaife.

Focus RS има трага за 40 mm поширока од онаа на серискиот Focus, носи леснометални бандажи од 19 инчи, нови пружини и амортизери и подебели стабилизатори. Тука се пренесени искуствата од светот на релито и нема сомневање дека Focus RS буквално ќе се лепи за асфалтот.

Внатре доминираат тркачки кади на Recaro, а сменета е и задната клупа кој сега исто како и предните седишта нуди испакнати страници како нејзините патници не би шетале лево десно и би уживале во брзото минување низ свијоци.

Вредно за споменување е што големата снага не е извлечена само со обично ремапирање на ECU. Инженерите во спортскиот оддел на Ford се зафатиле со многу поголема работа.

Единствено исто со 2.5 литарецот што работи во Focus ST е блокот на моторот. Инженерите развиле сосема нови брегасти вратила, ја модификувале главата на моторот, а модификации претрпеле и всисниот тракт и издувот. Сето ова резултирало не само со подигнување на снагата, туку и со начинот како моторот ја испорачува.

Понатаму за големата снага да невлијае врз управувањето предизвикувајќи несакани вибрации развиен е иновативен систем на суспензијата напред кого во Ford го нарекуваат RevoKnuckle. Негова основна задача е да го намали влијанието на вртежниот момент врз управувањето што се случува кај возила со погон напред. Влијанието на вртежниот момент врз управувањето се јавува при нагло забрзување, во свијоци и при возење на нерамен асфалт, кога вртежниот момент пренесен на предните погонски тркала е поголем од нивото на тракција.

Карактеристично за оваа појава е што доаѓа одеднаш како сила која делува врз воланот и сака дополнително да го сврти во правец на свијокот и најчесто може да се почувствува кај автомобили со широки гуми и оние што имаат блокада на диференцијал.

Системот RevoKnuckle во Focus RS работи во симбиоза со автоматскиот самоблокирачки диференцијал на Quaife. И овозможува да се спојат едноставноста на системот McPherson со способноста за местење на геометријата на тркалата така за да се избегне негативното влијание на вртежниот момент врз управувањето.

Поради сето ова погонот на четири тркала во Ford оправдано го сметаат за непотребен во случајот на Focus RS. И како што велат инженерите добиен е лесен автомобил кој има голема тракција и исклучително прецизно управување.

Иако претставувањето на Focus RS ќе се случи наскоро, сепак, неговата комерцијализација нема да се случи пред 2009. Причина е понатамошниот развој и фино дотерување на вградените системи.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook