|
И врапчињата на гранка одамна знаат дека RS е најмоќната верзија на семејниот Ford Focus чив мотор испорачува 300 КС доволни да го доловат спортистот кој се сокрива во едно навидум обично пакување.

Но, тјунерите од Mcchip не мислат баш така. Во насока на своите размислувања експертите од германската тјунерска куќа подготвиле две програми за дополнително зголемување на снагата на серискиот Focus RS.
Сериската изведба на турбо бензинецот со зафатнина од 2.5 литри распоредени во пет цилиндри кај RS испорачува 305 КС и максимален вртежен момент од 440 Nm кои на асфалт ги пренесуваат предните тркала преку 6 степен мануелен менувач.
Сето ова е доволно Ford Focus RS да го катапултира возачот до 100 km/h за 5,9 секунди и да му обезбеди крстосување со максимална брзина од 263 km/h. Секако како што наведовме она што е доволно за матичната куќа не е доволно за тјунерите од Mcchip.
Првата програма за тјунирање од Mcchip им нуди на сопствениците на Focus RS да ја зголемат моќноста на агрегатот на едноставен начин со ремапирање на електронската управувачка единица ECU.
Моќноста која на овој начин се добива од 2.5 литарскиот турбо достигнува 345 КС, а воедно го подигнува и максималниот вртежен момент на 520 Nm. Сето ова чини 799 евра, а му овозможува на Focus RS максимална брзина од 271 km/h.
Доколку и припаѓате на групата сопственици на Focus RS на кои првата опција не им е доволна во Mcchip нудат малку поопсежна доработка која чини скоро шест пати повеќе, но дава значително подобар резултат.
Оваа како што во Mcchip ја нарекуваат екстремна доработка на Focus RS опфаќа поставување на нов поголем интеркулер, нови свеќички кои доаѓаат од светот на мотоспортот, спортски издувен систем со зголем проток на издувни гасови и спортски катализатор и секако повторно ремапурање на ECU.
Откако сето ова ќе го завршат механичарите во Mcchip тогаш моторот на Ford Focus RS е способен да испорача 401 КС и максимален вртежен момент од 612 Nm, доволни за максимална брзина од 290 km/h.
Екстремната доработка во Mcchip ќе го чини, за снага и брзина желниот сопственик на Focus RS, 4.499 европски банкноти.
|