|
09.11.2007 |
По претставувањето на обновениот Ford Focus во
септември набрзо едно подруго Ford одлучи да ги претстави Focus ST и лимитираната
серија Focus ST500.
Focus ST ќе се појави во продажните салони во март
2008. Новиот автомобил исто така ќе биде на располагање во верзијата со три и
со пет врати и ќе се разликува од обичниот Focus благодарение на спортската
предна маска, интегрираните светла за магла и 18 инчните леснометални бандажи.
Од назад се наоѓа обновената задна врата и нов браник
со интегриран дифузор и нов дизајн на издувните цевки. Интериерот доаѓа обновен
со нова централна конзола, копче за стартување на моторот како и неколку излезе
за приклучување на разна пратечка електроника.
Извонредниот 2.5 литарски петцилиндричен турбо бензинец
останува непроменет и сеуште развива здрави 225 коњски сили. Ова значи дека
автомобилот до темпо 100 забрзува за 6,5 секунди.

|