|
12.11.2007 |
По претставувањето на обновената комбилимузина во
септември и откривањето на перформансниот модел ST минатата недела, пристигнаа
деталит и фотографиите за редизајнираниот модел Wagon.
Новите предни светла и агресивниот преден браник ја следат
насоката зададена од компактот и му даваат нов карактер на автомобилот.
Останатите новини вклучуваат отвор за долевање на гориво
без капаче, систем за предупредување при пад на притисокот во гумите, задни
свтла од светлечки диоди LED и приклучок за 230 V дел од
опремата не секој нов Focus.
Моторната понуда ги вклучува 2.0 и 1.6 литарскиот TDCi
со 136 и 109 коњски сили и верзијата Flexifuel на 1.8 литарскиот
бензинец, секако треба да се очекуваат и бензинците од 1.4 и 1.6 литри.
Wagon ќе ја носи и новата еколочка технилогија наречена ECOnetic кој
остварува многу ниска емисија на СО2, односно вредноста не би требало да
изнесува повеќе од 115 g/km.
Обновениот Wagon се очекува да
пристигне на пазарот на почетокот од 2008, по што ќе следи и кабриолетот.
 
|