|
Ford во Детроит ја претставува новата генерација на седанот Fusion кој е наменет за пазарот во Северна Америка, а преку него ја најавува и новата генерација на Ford Mоndeo наменет зa во Европа.

Fusion ќе биде првиот модел на Ford кој што ќе се нуди со три погонски системи. Со класичен погон задвижуван од бензински и дизел мотори, како хибрид со бензински и електричен мотори и како plug-in хибрид.
Од фотографиите станува јасно дека Fusion е директен дизајнерски дериват на концептот Ford Evos. Воедно се вели дека Fusion и Mondeo ќе бидат скоро идентични и разликите ќе се однесуваат на детали.
Во Fusion ќе се вградуваат три бензинески мотори. Најслабиот е атмосферски 2.0 литарец кој се вградува во хибридите. За класичните изведби наменети се EcoBoost моторите од 1.6 литри и 180 КС и 2.0 литри и 240 КС. Американците за сега не се заинтересирани за дизели.

Сите мотори ќе бидат спарени со шест степен автоматски менувач, но оставена е можност 1.6 да се добие и со шест степен мануелен менувач. Погонот е на предна оска, но по желба трубото 2.0 може да се добие и со погон на четири тркала.
Хибридните изведби носат исти имиња и ист погон како и веќе претставениот хибриден Ford C-Max. Стaнува збор за варијантите Hybrid и Energi каде електромоторот е спарен со 2.0 литарскиот бензинец.
Здружената моќност и кај двете варијанти е пресметана на 185 КС, батериите се литиум-јонски кои кај изведбата Energi можат да се полнат приклучени на стандардна електрична мрежа.

Просечната потрошувачка на Fusion Hybrid изнесува 5,0 l/100 km, додека само на батерии автомобилот може да оствари максимална брзина од 100 km/h, по што во погон се вклучува бензинецот.
Изведбата Fusion Energi во просек троши 2,35 l/100 km и со полн резервоар гориво и максимално наполнети батерии има автономија од 800 километри.
|