|
16.12.2011 |
|
Најголемиот конкурент на Toyota Prius доаѓа од Ford тврдат одговорните во американскиот гигант кои ја најавија хибридната верзија на Ford C-Max чија светска премиера ќе се случи во Детроит.

Хибридниот C-Max ќе се нуди во две верзии кои носат и различни имиња: C-Max Hybrid и C-Max Energi. И во двете верзии работи 2.0 литарски бенизнец спарен со електромотор чија заедничка моќност е пресметана на 185 КС.
Разликата е во литиум-јонските батерии кои можат да се полнат со приклучување на стандардна електрична мрежа вградени во C-Max Energi, кој може да мине поголемо растојание возејќи само на батерии од комбито на Prius.
Инженерите на Ford исто така тврдат дека со полни батерии и со полн резервоар C-Max Energi има поголема автонoмија и од Chevrolet Volt, додека C-Max Hybrid во просек троши 6,0 l/100 km.

Хибридите на C-Max се нудат со седум места за седење, а дополнителните две седишта се наоѓаат сокриени во багажникот кога од нив нема потреба, воедно во C-Max Energi е поставен и новиот мултимедијален систем Sync.
Неговата задача меѓу другото е и преку системот за навигација да го информира возачот за најблиските станици каде може да се наполнат батериите.
Ford почнува со производство на хибридните верзии на C-Max во втората половина на 2012 година во модернизираните погони во фабриката во Вејн во Мичиген за чија пренамена се инвестирани преку 120 милиони долари.
Ford C-Max Energi
Ford C-Max Hybrid
|