Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ford го најавува Focus Zetec S
02.12.2011

Ford ја прикажа во моментот најспортската изведба на новата генерација на Focus која својствено за компанијата е означена како Zetec S и е најавена да се појави на пазарот во февруари следната година.

ford-focus-zetec-s-1-2011-1

Најважниот елемент кај Focus Zetec S е турбо бензинецот од 1.6 литри Ecoboost кој испорачува 180 КС доволни за спринт до 100 km/h за 7,9 секунди и максимална брзина од 222 km/h.

Покрај моторот главна разлика во однос на обичниот Focus се единствениот аеродинамичен кит кој вклучува преден спојлер, спојлер на кровот, широки прагови и леснометални бандажи од 17 инчи.

Нови се и задните светла со светлечки диоди, а подвозјето добива пониски и поцврсти пружини. Интересно Ford наведува дека Zetec S пакетот на опрема може да се добие и со други мотори.

Бензинецот 1.6 со 125 КС, дизелот 1.6 TDCi со 115 КС и помоќниот дизел 2.0 TDCi со 163 КС. Цената на Focus Zetec S 1.6 со 180 КС треба да стартува од околу 21.000 евра, а покрај хечбекот со пет врати ќе се нуди и комбито.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook