Get Adobe Flash player
Ford го претстави Focus комби
03.03.2010

На салонот во Женева Ford ја претстави комби верзијата на новата генерација на Focus зголемувајќи ја понудата на својот нов глобален проект кој кога ќе тргне во продажба ќе се нуди во пет различни верзии.

ford-focus-kombi-2010-1

Платформата на која е поставена новата генерација на Focus ќе се искористи за уште пет нови модели на Ford кои би требало да се појават на пазарот дури во 2012.

Покрај поголемиот задник кој според инженерите во Ford сокрива исклучително многу простор комби верзијата на Focus носи и интегрирани кровни шини кои се дел од сите нивоа на опременост, спојлер над задното стакло и она што ќе им биде најважно на домаќинките електрично затворање на задната врата.

Заедно со појавувањето на комби верзијата на Focus, Ford го најавува и новиот Ecoboost турбо бензинец од 1.6 литри кој треба да го подигне бројот на понија што ќе го задвижуваат на 180. Паралелно со него е претставен и новиот електронски самоблокирачки диференцијал.

Покрај комби верзијата на Focus како новитети Ford во Женева ќе ги претстави и C-Max и Grand C-Max, а го најавува и наследникот на Focus RS.

 

 

 

Facebook