|
19.06.2009 |
Медиумите во Кина соопштуваат дека Ford и кинескиот производител на автомобили Geely конечно постигнале договор за заедничко разбирање кој се однесува на
продажбата на шведскиот Volvo.
Според нивни извори производството на автомобилската
гордост на Шведска,
Volvo, целосно би требало да се пресели во погони во Кина.
Поточно во иднина производството на сите модели на Volvo ќе се
одвива во фабрика на Geely во Донггуан во провинцијата Гуангчоу.
Ова значи дека преговорите меѓу Ford и Renault околу продажбата на Volvo не вродиле плод.
Првиот модел што ќе се произведува во Кина ќе биде
големиот SUV,
Volvo XC90 велат кинеските медиуми. Дополнително наведувајќи дека
до конечното потпишување на договорот за продажба на Volvo на Geely
остануваат да се разгледуваат само детали.
Geely веќе побарал одобрение од властите на провинцијата Гуангчоу за проширување
на своите капацитети со нови погони во кои ќе биде пренесено производството на Volvo.
Кинезите наведуваат и дека барањето на Geely е
одобрено
и дека наскоро стартува изградбата.
Во исто време другите новински агенции од далечниот исток
тврдат дека кочница во преговорите претставува постојаното одложување на одговорните
во Geely да му објаснат на Ford какви се плановите на кинескиот производител за иднината на
Volvo.
|