Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ford го продава Volvo
02.12.2008
volvo-logo-1.jpgFord конечно обелодени дека сериозно размислува да го продаде Volvo. Продажбата на шведскиот производител е дел од стратегијата за справување со економската криза.

До сега во Ford тврдеа дека Volvo е неделива компонента од плановите за развој на компанијата во иднина. Но, работите се сменија.

Директорите на Ford се надеваат дека продажбата на Volvo ќе им помогне во обидот од Американскиот Сенат да добијат државна помош за полесно справување со кризата на целата групација.

Се чини дека во Ford одат по стапките на General Motors.

Според претседателот на Ford, Алан Мјулали, продажбата на Volvo нема да биде набрзина колку само да се продаде компанијата. Прво треба да се најде соодветен купувач бидејќи Ford не сака технологијата и интелектуалната сопственост да паднат во сечии раце.

Дека на Ford навистина не му се брза со продажба говори и планот за барање помош за Volvo од шведските власти. Имено управителот на Volvo, Стефан Одел, веќе разговарал со Владата во Шведска за кредит во висина од 248 милиони долари.

Властите во Шведска се свесни дека проблемите на двете домашни компании Saab под капата на General Motors и Volvo под капата на Ford се сериозни.

Веќе постои предлог за национализација на двете компании со што би со очувало производството на актуелните модели и би се задржале работните места.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook