Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ford Iosis Max основа за новиот Focus
04.03.2009
ford-iosis-max-koncept-1.jpgFord со Iosis Max во Женева ја најави новата дизајнерска тема според која би требало да биде скроен новиот глобален автомобил во компактната класа со сина елипса на носот.

Погодувате станува збор за новата генерација на Ford Focus. Дизајнерите во Ford продолжуваат да ги следат смерниците на кинетичкиот дизајн и максимално ги користат придобивките од новите технологии.

Прдниот крај го краси карактеристичниот трапезоиден отвор во браникот украсен со хромирани рамки, страничните отвори за ладење на сопирачките и предните светла исполнети со светлечки диоди кои наликуваат не некаква вонземска форма.

Подеднакво е привлечен и задникот инспириран од новиот Ford Kuga со развлечени тематски светла, задно стакло како скулптура и дводелна задна врата по примерот на Skoda Superb.

Останатите карактеристики на Iosis Max се панорамскиот стаклен кров, четирите одвоени седишта, недостатокот од В носач, спојлерот на кровот и место ретровизори камери за поглед наназад.

Според најавата на одговорните од Ford, концептот Iosis Max покрај тоа што е предвесник на новиот Focus е предвесник и на новиот C-Max. Ова значи дека четирите места за седење ќе се претворат во пет кај Focus и дури седум кај C-Max што не е случај со актуелниот модел.

Под хаубата на Iosis Max се сокрива 1.6 литарски трубо бензинец кој остварува моќност од 180 КС има систем старт/стоп, а снагата ја пренесува преку менувачот на Ford со две спојки PowerShift.

Моторот е дел од нова генерација на турбо бензинци кои својот работен век ќе го започнат во Focus и во C-Max и полека ќе се рашират низ целата гама на Ford.

Најголемата дилема што постои во моментов е појавувањето на сериските верзии на двата модели кои е се угледаат на Iosis Max. Од Ford доаѓаат конфузни информации.

Првата беше дека C-Max ќе се појави пред Focus, поточно 2010, а хечбекот би пристигнал година подоцна. Меѓутоа постои уште една варијанта која е многу поверојатна.

Taa вели дека новата генерација на Focus на пазарот ќе се појави кон крајот на 2010, а неполна година подоцна, поточна на пролет 2011 во салоните ќе пристигне и C-Мax.

Интересно е што во Ford се работи паралелно и на двете верзии и се очекува и двете да бидат завршени во исто време, а пласирањето на пазарот е маркетиншки потег.

Сепак, се очекува одлуката да падне наскоро.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook