|
30.05.2007 |
Новиот Ford Mondeo na 1. јуни ќе биде прикажан на најголемиот автомобилски постер во Европа. Постерот покрива површина од 4200 метри квадратни на две фасади од зграда во Берлин.
Мегапринтот тежок два тона ќе се постави во спектакуларна акција од 20 алпинисти на 1 јуни, доколку ветрот не го оневозможи тоа.
Огромниот постер со слоган Mondeo. Новиот Ford. е испечатен на специјални машини широки пет метри во една печатница за голем формат во Келн, сместена во поранешната база на британската авијација Виз-Ларбрух.
|