|
10.11.2007 |
Ford одлучи на направи нова едиција на Mustang Bullitt за да ја прослави 40.
годишнината од оригиналниот зелен ридски тркач од 1968 кој се прослави во
филмот на Стив Меквин.
Зелениот Mustang е создаден со користење на делови од спортската дивизија Ford Racing
Technology, а
најважно е последното издание на 4.6 литарскиот V8 кој остварува 315 коњски сили и
максимален вртежен момент од 440 Nm.
Bullitt ја користи основата на Mustang GT, но има нови амортизери, попречни водилки и попречен
стабилизатор меѓу предните амортизери. Суспензијата има спортски сетап, со
старата крута и прилично жива задна оска која знае машки да го фрли задникот во
свијок.
Сопирачките се подобрена верзија на оние што ги носи и Mustang GT. Специјално за Bullitt развиени се поагресивни
плочки напред кои се многу поотпорни на прегревање и даваат подобро чувство
кога ќе се притисне педалот.
Она што го разликува Bullitt од обичниот GT се сетот од уникатни бандажи од лесна легура со темно
сиви пречки и сатински финиш. Сопирачките клешти се обоени за да одговараат на бојата
на тркалата.
Bullitt за 2008 пристигнува кај дилерите на стартот од следната година со цена од
31.075 долари и во лимитирана серија од 7.700 возила секако само за во САД и
Канада. Штета.
|