Get Adobe Flash player
Ford најавува електрична иднина
13.05.2010

Ford во Европа во официјално соопштение најави дека во следните две до три години ќе претстави хибридна верзија на тема C-Max и електричен plug-in хибрид сличен на Chevrolet Volt MPV и Opel Ampera.

ford-c-max-2010-1

Производството ќе се одвива во фабриката на Ford во Валенсија, Шпанија. За таа цел Ford планира да инвестира околу 410 милиони долари во следните две години за модернизација и подготовка на погоните за производство на хибридната и plug-in електричната верзија на C-max.

Паралелно со новите верзии на C-Max во Валенсија, Ford планира и стартување на производството на верзијата Grand C-Max која ќе нуди седум места за седење поголемо меѓуоскино растојание, поголема должина и исто така ќе има хибридна и plug-in верзија.

Идните модели на Ford ќе ги носат имињата C-Max HEV – Hybrid Electric Vehicle, или хибридно електрично возило и C-Max PHEV – Plug-in Hybrid Electric Vehicle, или плаг-ин хибридно електрично возило.

Според зборовите на директорот на Ford за Европа, Џон Флеминг овие два модели ќе му се придружат на електричното лесно комерцијално возило Ford Transit Connect кое треба да се појави на пазарот в година како конкуренција на Renault Kangoo Z.E.

И на електричната верзија на новата генерација на Ford Focus која ќе пристигне на пазарот во 2012 како конкурент на Renault Fluence Z.E.

Новата генерација на C-Max треба да се појави на пазарот во Европа во втората половина на годината, додека нејзината продолжена варијанта со седум места за седење Grand C-Max би пристигнала една година подоцна.

Официјално се очекува C-Max HEV и C-Max PHEV да се појават на пазарот во 2012.

 

 

 

Facebook