|
12.07.2007 |
Американските инженери од Ford со својот Fusion
на водород ќе се обидат да го соборат светскиот рекорд на соленото езеро во
Боневил за автомобили со горивни ќелии.
Fusion Hydrogen вози со електричен мотор од 770
коњски сили кој енергијата ја добива од горивни ќелии. Автомобилот е изработен
во соработка со тркачките експерти од Ballard, Rousch и
студентите од Државниот универзитет во Охајо.
Зад воланот ќе седи пензионираниот тркач на Ford и ветеран
на Боневил, Рик Бајрнес.
Вториот автомобил на водород што ќе се обиде да го собори
рекордот на Боневил во најсилната категорија е Buckeye Bullet 2
кој исто така е развиен во Државниот универзитет на Охајо.
Тимот од Охајо се надева дека ќе го подобри нивниот
рекорд од 2004 кога со Buckeye Bullet постигнаа 507 km/h, а во Ford веруваат
дека ќе докажат дека електричните автомобили воопшто не се спори.
Но не ни е јасно зошто го избрале Fusion.
|