|
19.11.2007 |
Лимузините ќе бидат главни на салонот за автомобили во
Гуангчоу, Кина. Веднаш по претставувањето на лимузината од Mazda
2 се појавија фотографии од концептот Ford Verve со четири
врати.
Комбилимузината беше претставена на салонот во Франкфурт
во септември, а третата варијанта на основа на Verve се очекува
да се појави во јануари на салонот во Детроит.
Не е никаква коинциденција што седаните од Mazda
2 и Ford Verve се појавија едно подруго на исто место. И двата
автомобили се поставени на иста платформа и ќе се произведуваат во Нанџинг,
Кина.
Се очекува продажбата на Verve со четири
врати да започне на крајот од 2008 во Европа, а ќе биде на рсаполагање во САД
кон средината на 2009. Исто како и Mazda 2 и Verve ќе се
продава во Кина.
Ова го потврди извршниот директор на Ford, Алан
Мјулалај кој истакне дека не е незамисливо Verve да се
произведува и автоматски и да се продава во Кина.

|