Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Fornasari со 610 КС моќно Buggy
19.06.2009
fornasari-racing-buggy-1.jpgКако би требало да изгледа едно врвно теренско возило? Одговор се обидува да даде италијанскиот Fornasari, преку својата нова визија наречена Racing Buggy со екстремни теренски способности.

Екстремот доаѓа од моќните 610 КС кои ги задвижуваат сите четири тркала, а снагата се пренесува во сооднос 60% на задни и 40% на предни тркала. Од овие првични податоци се чини дека Racing Buggy е создаден за да нема конкуренција.

Факт е дека монструмов сеуште е далеку од серија и во Fornasari тоа не го негираат прикажувајќи ги компјутерски генерираните фотографии за Racing Buggy. Сепак се очекува дека пред влегувањето во серија дизајнот би требало да биде малку испеглан.

Иако го носи името Racing Buggy основната намена на теренецот не е учество на некое пустинско рели на издржливост туку освојување на богатите клиенти кои ќе уживаат во луксуз и моќ.

Fornasari истакнува дека теренецот без оглед на двете странични врати ќе нуди пет места за седење и ќе се продава по почетна цена од 80.000 евра, но сеуште молчат околу евентуалните нарачки и колку примероци се предвидени да бидат произведени.

Багито на Fornasari воопшто не е мал автомобил. Напротив се работи за џин на четири тркала. Концептот во должина мери 5.20 m, широк е 2.15 m и висок е 1.85 m и тежи пристојни 1.600 kg.

Тежината се чини ниска за олку големо возило, но од Fornasari истакнуваат дека тоа е долг на користењето на лесни материјали каде предничат алуминиумот и карбон-фиберот.

Токму релативно малата тежина е виновник за одличните преформанси. Racing Buggy како што тврдат од Fornasari до 100 km/h забрзува за 3,8 секунди.

Моќноста доаѓа од бензински V8 кој работи во Corvette има зафатнина од 7.0 литри и остварува 610 КС и максимален вртежен момент од 748 Nm, а снагата до сите четири тркала се пренесува преку автоматски или мануелен менувач со шест степени во зависнот од желбите на клиентот.

Доколку проектот навистина заживее Racing Buggy би требало да стане сериозен играч во категоријата на луксузни перформансни теренци. Најголема улога покрај дизајнот и перформансите секако ќе игра и релативно прифатливата цена.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook