Mitsubishi подготвува
специјална верзија на Lancer Evolution X наменета
ексклузивно за специфичниот пазар во Велика Британија каде најмногу проаѓаат
вакви модификувани верзии.
Новиот FQ-400 е наследник на фамилијата на FQ модели на Mitsubishi
Evo кои се пордаваа на британскиот пазар изминатите неколку години.
Едноставно британските купувачи лудуваат по модификувани
високо перформансни верзии на сериските модели од кои произлегуваат монструми
за на рели.
Во досегашната гама на модели на Mitsubishi кои се
продаваат под ознаката FQ најмоќна изведба е FQ-360 направена
на основата на претходната генерација на Lancer Evolution или Evo
IX.
Верзијата FQ-360 како што говори
ознаката испорачува до сите четири тркала 360 коњски сили добиени од 2.0
литарскиот турбо бензинец. Најавата за FQ-400 кажува
дека FQ-360 паѓа во сенка бидејќи новиот автомобил под хаубата ќе
пакува 400 коњски сили.
Новиот FQ доби зелено светло за развој по успехот што го постигна
тркачката верзија на Lancer Evo X во серијата Britcar. Имено Evo X на трката
на издржливост 24 часа Силверстон, која исто така е дел од Britcar, го освои
првото место.
Сеуште нема прецизни податоци за моќноста и степенот на
модификации што ќе ги претрпи серискиот Evo X за да се
претвори во FQ-400.
Се претпоставува дека 2.0 литарскиот турбо бензинец ќе
испорачува најмалку 405 коњски сили и максимален вртежен момент од 540 Nm. За да се
постигне олку висока рата на перформанси моторот мора да претрпи одредени
измени.
2.0 литарецот ќе носи комплетно нов турбо полнач кој
генерира поголем притисок, турбината ќе се храни од наново димензионираниот издув
почнувајќи од издувната грана која има зголемен проток на гасови потребно за
моторот полесно да диши.
Измени се направени и на системот за вбризгување на гориво.
Новите вбризгувачки работат под повисок притисок и подобро го распрскуваат
горивото. Воедно импулсите ги добиваат од ремапирана електронска единица која управува со работата на моторот.
Погонот на четири тркала останува како кај серискиот Evo X, а
моќноста ќе се пренесува преку пет степена мануелна менувачка кутија.
Новиот менувач со две спојки SST нема да се
вградува поради недоволните информации што инженерите на Mitsubishi ги имаат
во врска со неговата издржливост при олку висока снага.
Инженерите на Mitsubishi воедно одлучиле во
FQ-400 да не вградуваат тркачка спојка како кај FQ-360, бидејќи
таа го отежнува нормалното секојдневно возење.
Што се однесува до перформансите на FQ-400 може само
да се претпоставува. Но, доколку се знае дека FQ-360 го
катапултираше возачот до темпо 100 за 4,1 секунди, тогаш може да се очекува
дека далеку помоќниот FQ-400, 100 km/h ќе фаќа за не повеќе од 3,5 секунди.
Направени се подобрувања и на сопирачките, напред
вградени се поголеми самовентилирачки и бушени дискови и шест клипни сопирачки
клешти дело на Brembo, а нив ги сокриваат леснометални бандажи од 18 инчи.
За FQ-400 се вели дека ќе биде најскапиот Lancer Evolution во
историјата. Неговата цена ќе стартува од 45.000 британски фунти, што е за
14.500 фунти повеќе од неговиот претходник FQ-360.
Ексклузивноста покрај цената ќе ја сочува и лимитираната
серија од само 100 примероци. Но, ова не е фиксна бројка, барем така велат одговорните во Mitsubishi.
Тие истакнуваат дека доколку расте побарувачката за FQ-400 лимитираната
серија ќе биде проширена се додека има интересирање за моделот.
Првите примероци би требало да стигнат до своите купувачи
на пролет 2009.
На фотографиите е претставен Evo RS.
|