|
17.03.2010 |
|
Суперседанот Galibier 16C на Bugatti е класа сам за себе, а шансите за негово сериско производство се се поголеми. Сепак, се зависи од шефовите во VW Group кои сеуште неможат да се наканат.

Дека работите околу Galibier 16C полека се вжештуваат доказ се новата серија на фотографии кои повторно беа претставени на специјална презентација одржана во фабричките простории на Bugatti.
Новини околу техниката нема. Стои дека под хаубата ќе работи познатиот 8.0 литарски W16 со 800 КС кои се пренесуваат на сите четири тркала преку осум степен DSG менувач со две спојки.
Моторот покрај безоловен бензин користи и биолошко гориво етанол Е85, за сопирање се користат специјално развиени карбон-керамички дискови, а за совршениот комфор и исклучителните динамички карактеристики се грижи сосема ново развиена хајтек суспензија за чии технички детали сеуште се молчи.
Одговорните тврдат дека автомобилот е подготвен за сериско производство. Наклонета публика која е спремна да го одврзе кесето за да си го нарача има и единствено се чека на зелено светло до Волфсбург.
|