Get Adobe Flash player
GAZ ќе произведува E Класа
28.07.2010

Руската групација GAZ и концернот Daimler започнуваат преговори за соработка од која како просукт треба да произлезе евентуално склопување на новата E Класа на Mercedes во погоните на GAZ.

mercedes-e-class-assembly-2010-1

Раководството на Горкиевскиот автомобилски завод во официјално соопштение наведува дека на производните линии на кои сега се склопува Volga Siber, автомобил кој во суштина е дизајнерски изменет Chrysler Sebring, ќе се склопуваат луксузни седани.

Во моментот преговорите течат околу бројот на склопени автомобили што рускиот гигант ќе биде обврзан да го испорача. Меѓутоа тие се во почетна фаза и сеуште не се знае евентуалниот обем на производството.

GAZ планира да го згасне производството на Volga Siber заради лошите продажни резултати. Русите преговараа и со Tata и со Chrysler со цел да го сменат моделот и да склопуваат друг автомобил на истите призводни ленти, но тие преговори завршија неуспешно.

Овие преговори не се први што се водат меѓу GAZ и Damiler. На почетокот на годината двата гиганти преговараа да се создаде заедничка компанија и да се изградат нови погони во Русија за производство на лесни комерцијални возила од програмата на Mercedes.

Сеуште нема официјална потврда како и дали воопшто завршиле овие преговори, а останува знак прашалник да видиме и како ќе завршат преговорите за склопување на Mercedes Е Класа во погоните на GAZ.

 

 

 

Facebook