Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Geely го купи Volvo
30.03.2010

Ford во официјално соопштение потврди дека после долги преговори со кинескиот гигант Zhejiang Geely Holding Group Company Limited или кратко Geely е постигнат договор за продажба на Volvo.

geely-volvo-logo-2010-1

Постигнатиот договор се однесува на продажбата на Volvo и целата сопственост на шведскиот производител вклучивајќи ја тука и интелектуалната сосптвеност и технологиите постоечки и во развој.

Без оглед на постигнувањето на договор, реалното остварување на продажбата не се очекува пред крајот на годината бидејќи сеуште се водат преговори кои ќе ги прецизираат условите за понатамошна работа на компанијата.

Цената која што е договорена за продажба на Volvo изнесува 1,78 милијарди долари од кои 1,58 милијарди долари ќе бидат платени во готово, додека за останатите 200 милиони долари нахнадно ќе биде договорен начин на уплата.

Сметаме дека ова е и повеќе од нефер цена бидејќи во 1999 кога Ford го купи Volvo мораше да плати 6.4 милијради долари. Но, времињата се менуваат.

Според договорот за продажба на компанијата Ford ќе продолжи тесно да соработува и да ја надгледува работата на Volvo во следните години со цел да обезбеди ефикасна и безболна транзиција, но нема да има никаква сопственост и да профитира од работата на шведскиот производител.

Понатаму Ford ќе продолжи да го снабдува Volvo со мотори, менувачи, суспензија, пресувани делови од каросеријата и други компоненти на неопределено време. Во делот на неограничената соработка влегуваат и обезбедување на инженерска поддршка и пристап до информации од развојот на новите технологии.

Volvo пак ќе може да профитира од продажбата на лиценци на дел од својата интелектуална сопственост, технологии и компоненти на трети страни, односно други компании кои ќе побараат соработка каде секако е вклучен и Geely како производител на автомобили.

Geely се обврзува да ја задржи во целост актуелната гама на прозводи на Volvo и да ги доведе до сериско производство проектите кои веќе се во фаза на развој.

Плановите на Geely за иднината на Volvo се шведскиот производител да развие неколку големи и луксузни модели во следните четири години со цел да се зголеми учеството на компанијата на глобално ниво и да се достигне продажба од милион возила годишно. Во моментот Volvo годишно произведува помалку од 400.000 возила.

Тоа значи драстично зголемување на производството што секако е прилично амбициозен план. Одоговорните во Geely очекуваат дека голем дел од продажбата ќе отпадне на растечкиот пазар во Кина.

Geely ја превзема и фабриката на Volvo во Кина во која сега се произведува продолжената верзија на S80. Производството на Volvo останува во Шведска, но сепак, производството на некои модели ќе биде префрлено во новите погони што ги гради Geely.

Според најавите тука ќе се произведуваат 300.000 возила со беџот на Volvo на годишно ниво.

Geely понатаму планира комплетно да го префрли развојот во Шведска, како за моделите на Volvo, така и за своите модели. На овој начин сака да го подигне квалитетот и да ја користи високата технологија на Volvo.

Па така со тек на време моделите на Geely би почнале да се поистоветуваат со моделите на Volvo што на крај би се подигнало реномето на кинескиот производител не само на домашниот пазар туку и на глобално ниво.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook