Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Geely GT концепт
01.04.2008
geely-gt-koncept-1.jpgАко баш се запне може многу лесно да се споредува дизајнот на автомобилите, односно во линиите на еден автомобил да се препознаат детали од некој друг и обратно.

Секако доколку се забележат дизајнерски сличности меѓу, да претпоставиме Opel Astra и VW Golf, никој нема да забележи дека дизајнерите на двете марки краделе едни од други. Но, тоа е така затоа што претходно немаат „минат труд” во позајмување на дизајнерски детали.

Од друга страна пак кога станува забор за кинеските производители работите стојат сосема поинаку. По копирањето на некои од успешните европски дизајни кинезиите веќе имаат темна дамка врз своите дизајнерски идеи.

Можеби токму затоа концептот на Geely, GT личи како да е склопен од повеќе автомобили. Прво што паѓа на памет според обликот на купето и аглите претставени на цртежите се Maserati GranTurismo, Alfa Romeo 8C, Aston Мartin V8 Vantage.

Но, ова се однесува на генералниот облик, бидејќи дефинитивно задните светла, предната маска и предните светла се оригинални. Токму предимензионираноста на овие делови од каросеријата и нивниот бионички облик го прават кинеското купе невообичаено привлечно.

Ако притоа се спореди дизајнот на купето со претходните обиди на Geely, па и останатите кинески производители, тогаш дифинитивно можеме да кажеме дека впечатокот што го остава овој GT е извонреден.

Освен дадените цртежи сеуште ништо не се знае за моделот кој ќе биде претставен на салонот во Пекинг кој се одржува до 20 до 28 април. Tогаш ги очекуваме деталните информации за овој GT.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook