Светските агенции за информирање соопштуваат дека двата
големи американски производители на автомобили General Motors и Chrysler
преговараат за интегрирање.
Разговорите траат веќе подолго од еден месец, но како што
се вели сеуште нема конкретен договор. Исто така не е јасна ниту причината
поради која двата американски гиганти преговараат за интеграција, односно дали
станува збор за интеграција или купување на Chrysler од страна
на GM.
General Motors е најголемиот производител на
автомобили во САД, а Chrysler се наоѓа на трето место. Меѓу нив секако е Ford.
Веројатно е дека преговорите се предизвикани од кризата
во која се наоѓаат американските производители чиво производство драстично паѓа
заедно со падот на продажбата. Во 2008 продажбата на американските компании
падна на најниско ниво во последните 15 години.
Посебно во последните месеци кризата во автомобилската
индустрија се засили по финансискиот колапс во кој западна американската, но и
светската економија.
Интересно е што General Motors пред да стартува
со преговори со Chrysler се обидел својата
идеја да му ја понуди и на Ford. Имено извршниот директор на GM, Рик Вагонир
му се обратил директно на извршниот директор на Ford, Алан
Мулалај, но веднаш бил одбиен.
Според одговорните во Ford една ваква
интеграција со GM е спротивна на планот за обнова кој веќе е во тек и со
кој во Ford се обидуваат да ги поедностават операциите на сите нивоа
што подоцна ќе им носи заштеда.
Исто така проструи информација која вели дека Ford сака да
продаде дел од Mazda во обид на брз начин да дојде до поголема сума на пари,
но за сега нема официјална потврда од раководството на сината елипса.
Преговорите за интегрирање со Chrysler, GM ги води со
неговиот сегашен сопственик Cerberus Capital Management. Всушност
понудата на GM е да му го продаде на Cerberus, својот
дел од финансискиот сервис GMAC, водечка финансиска компанија во САД со соптвена банка и
осигуритална компанија.
Предлогот на GM е на Cerberus
да му ги даде своите 49% од GMAC, а Cerberus да возврати со своите 80,1% удел во Chrysler. Со една
ваква зделка Cerberus станува целосен сопственик на GMAC, а GM ќе го поседува Chrysler секако
заедно со Daimler AG кој поседува 19,9% од акциите.
Според сегашната финансиска состојба GM не е во позиција
да ја превземе контролата над Chrysler, но предлогот е прифатен од страна на Cerberus и опциите
остануваат отворени.
Се претпоставува дека иако во моментов шансите за
превземање на Chrysler се 50:50, Cerberus ќе се согласи со предлогот на General Motors и дека Chrysler конечно ќе
биде во сопственост на GM.
Финалната одлука од преговорите нема да се случи брзо. Се
претпоставува дека до тогаш може да поминe уште еден месец најмалку.
|