|
01.12.2008 |
Бордот на директори на General Motors ја
разгледува можноста за продавање на четири марки од својата групација со што би
се намалил ударот од светската финансиска криза.
Според внатрешни извори четирите марки кои се предложени
за продавање се Hummer, Saab, Saturn и Pontiac. Нивната
продажба е дел од планот за излез од кризата во која западна General
Motors.
Раководството на компанијата треба да го изнесе планот
за излез од кризата пред американскиот Конгрес на 5 декември со цел General
Motors да добие државен кредит во висина од 12 милијарди долари.
Доколку се случи продажбата на четирите автомобилски
марки General Motors ќе остане „само” со девет. Во моментов компанијата под
своја капа има 13 марки меѓу кои е и Oldsmobilе чиe производство
е запрено и нема ниту еден нов модел на пазарот.
Само за пример Ford под своја капа има пет марки, а Chrysler само три. За да ги намали своите трошоци Ford навреме ги
продаде и Jaguar и Land Rover на индиската Tata, а најавени
се и Aston Martin и Мazda.
General Motors во моментов активно бара купувач за Hummer.
|