|
15.06.2007 |
Станува збор за амфибија со три седишта развиена од
британецот Нил Џенкинс и новозеланѓанинот Ален Гибс. По години минати во
финансиски проблеми проектот конечно оди во продукција.
Aquada не само што е подготвена за производство туку на нејзина
основа ќе биде поставено ново амфибиско возило на американската армија кое ќе
го носи името Quadski.
Quadski и Aquada ќе се произведуваат во заедничките погони на Gibbs
Technologies и најголемиот снабдувач на опрема за американската
армија Lockheed Martin.
Сега откако по долгиот развој технологијата ја има во мал
прст Гибс и неговиот тим се уверени дека можат да произведуваат амфибиски
возила кои ќе го покриваат било кој сегмент.
Според создавачите за развојот на Aquada
биле потребни преку 100 милиони долари и преку милион работни часови.
Оргиналниот прототип на Aquada постави
светски рекорд за најбрзо минување на Англискиот канал од амфибија, но оттогаш
компанијата претрпе многу финансиски проблеми вклучувајќи и редизајн на погонот
поради пропаѓањето на снабдувачот на мотори Rover.

|