Get Adobe Flash player
Глисер со мотор од Ferrari F430
21.06.2007
gliser-i-ferrariНаменет за натпреварување во т.н. продукциска класа глисер задвижуван од V8 зајмен од Ferrari F430 постави два светски рекорди на езерото Комбо во Италија.

Зад кормилото седеше Евгенијо Молинари кој го навигираше глисерот во две посебни категории и оствари најголема просечна брзина и во двата обиди мерено на еден километар со летечки старт.

Во категоријата со тежина до 1.110 килограми Молинари постигна најголема просечна брзина од 123,3 km/h. За во потешката категорија до 1.450 килограми глисерот мораше да добие екстра баласт, но сепак, оствари просечна максимална брзина од 122 km/h.

Глисерот бришкаше со сериска верзија на 4.3 литарскиот V8 од F430, со мали модификации кои му овозможуваат да се користи за на вода.

Со зафатнина од точно 4308 кубни сантиметри централно поставениот мотор остварува 490 КС при вртоглави 8.500 врт/мин и максимален вртежен момент од 465 Nm при 5.250 врт/мин.

На крајот од настанот 71 годишниот Молинари го посвети својот успех на шефот на Ferrari, Лука ди Монтеземоло и на 60 годишнината на марката.

Моторите на Ferrari се користат за погон на глисери уште од 1953, кога моторот на болидот 375 F1 беше монтиран на пловило.

Главниот ривал Lamborghini е вториот производител кај кого се обраќаат производителите на глисери кога избираат мотор за нивните креации.

gliser-2gliser-3

 

 

 

Facebook