|
08.04.2010 |
|
Цивилниот тркач на Ford, отровниот Focus RS500 кој треба да биде произведен во лимитирана серија од 500 примероци беше распродаден за само 12 часа без оглед што сеуште не е објавена цената.

Ford како тизер ја објави информацијата за Focus RS500 двa дена пред официјално да го претстави ексклузивниот тркач од лимитираната серија и предизвика вистинска навала во дилерските центри.
Дилерите на Ford низ цела Европа информираат дека буквално биле преплавени од голем број на настојчиви купувачи секој со желба да стане сопственик на ова ретко парче автомобил.
Без оглед што цената сеуште не е позната заинтересираните нуделе отворени сметки само за да стигнат до посакуваниот автомобил. Епилог од сето ова е распордажба на целата серија за само 12 часа.
Заради екстремно големиот интерес за Focus RS500 од Ford најавуваат дека има шанси да се зголеми серијата исто како што тоа беше сторено со Focus RS.
|