Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Го уловија новото Twingo
28.07.2011

Холандскиот магазин за автомобили Auto Week на својата интернет страница ексклузивно ги објави првите фотографии од новата генерација на Renault Twingo за време на снимање на реклама.

renault-twingo-nov-1-2011-1

Фотографиите се направени од читател на магазинот кој присуствувал на фотосесијата и снимањето на рекламен спот. Токму затоа нема никакви подробни информации за новото Twingo.

Се што може да се заклучи за него е од двете фотографии, а секако тоа е недоволно. Се чини дека новините се однесуваат само на предниот и задниот дел од автомобилот, додека кабината и страниците остануваат исти.

Но, ќе треба да почекаме Renault да се изјасни што се е ново кај новото Twingo. Тоа ќе се случи во септември кога е закажана и премиерата за претстојниот салон на автомобили во Франкфурт.

renault-twingo-nov-2-2011-1

Она што е јасно е дека останува истата гама на мотори како бенизнецот 1.2 со 75 КС, и дизелот 1.5 со 75 и 85 КС. Секако нема да изсотане бомбастичниот Twingo RS со 133 КС извлечени од атмосферскиот 1.6 литарец кој е задолжен да ја задвижува и верзијата Gordini.

Продажбите треба да стартуваат кон крајот на годината.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook