|
Porsche повторно стихијно најавува нов модел во својата понуда. Станува збор за купе со четири места за седење и мотор поставен напред како кај легендарниот модел 928 кој одамна отиде во заборав.

Најавата за која познавачи на марката уверуваат дека е сигурен знак дека новиот модел ќе влезе во понудата и тоа наскоро стигнува преку интернет страницата на Porsche Consalting на која се појавило купето во стил на 928, но со дизајнерски елементи на омилената 911.
Новото купе ќе биде поставено на скратена платформа на Panamera и ќе биде вистински GT. За разлика од 911 кој има само боксер мотори со шест цилиндри купето 928 ќе носи исклучиво V8 атмосферски и турбо бензинци.
Снагата ќе се испорачува и на задни и на четири тркала поради што Porsche 928 треба да застане чекор понапред од конкуренцијата која доаѓа од ковачниците на змаеви како што се Aston Martin и Ferrari.
Причината зошто во Porsche се одлучиле на ваков потег лежи во одличниот успех на Panamera која ги следи предвидувањата на експертите за планирање и маркетинг на компанијата кои предвидуваа 20.000 продадени примероци годишно.
Сега експертите што работат во Porsche Consalting уверуваат дека и купето 928 ќе забележи ист успех како и Panamera. И како и до сега нема причина зошто да не им се верува.
Инаку Porsche Consalting како оддел на Porsche Automobile SE постои од 1992 и во него работат точно 222 вработени и прават обрт од 61 милион евра на годишно ниво.
Работата на одделот се состои од обука на персонал, бизнис консултации и изработка на други проекти во областа на автомобилската индустрија, машино градбата и организација на работа и на производство.
Услугите покрај за матичната компанија Porsche Consalting ги нуди и на други комапании, односно секому кому има потреба од консалтинг и моќе да си ги дозволи нивните услуги.
|