Get Adobe Flash player
Големото враќање на Lagonda
05.03.2009
aston-martin-lagonda-1.jpgAston Martin го исполни ветувањето и на 100 годишницата од постоење, со премиерно претставување на концепт во Женева, на сцена ја врати легендарната британска марка Lagonda.

Lagonda е позната по своите големи спорстки и луксузни седани, но според замислата на новото раководство иднината на марката лежи во една поинаква реалност.

За што се работи. Целата идеа околу оживувањето на Lagonda е да му се овозможи на Aston Мartin да си го сочува идентитетот и под кој се продаваат неговите спортски автомобили и воедно да развива и на пазарот да пласира автомобили со сосема поинаков крактер.

Сето ова се огледува во концептот кој го носи беџот на Lagonda. Концептот претставен во Женева е далеку од спортска лимузина и јасно укажува дека Aston Martin сака да покрие сосема поинаков сегмент.

Дизајнерите одговорни за создавање на Lagonda личи како да си играле вкрстување на видови од што е произлезен автомобил кој е на полпат меѓу кросовер и седан.

Lagonda од напред ја краси огромна предна маска што е сосем спротивно на дизајнерските смерници што ги користи на Aston Martin за своите модели.

Одзади може да се забележи искршената форма со тесните светла, додека гледано од профил автомобилот делува коцкесто. Тука нема ништо од флуидните линии и бионичкиот дизајн на Aston Martin.

Автомобилот е поставен на огромни леснометални бандажи со пречник од 22 инчи кои дополнително му даваат висок клиренс и прават да наликува на кросовер. Под хаубата на концептот работи V12.  

Без оглед што автомобилот во себе проткајува идеа на кросовер, одговорните тврдат дека станува збор за луксузен седан со место за удобен превоз на четири патници, спортски карактеристики и постојан погон на четири тркала.

Други детали околу техничките карактеристики не се откриваат. Од Aston Мartin единствено откриваат дека под хаубата ќе работат цела лепеза од мотори кои покрај бензин ќе користат и етанол, но се размислува и за штедливи дизел агрегати и за хибрид.

Дефинитивно станува збор за автомобил со уникатен карактер за што познавачите ќе се согласат дека е тесна специјалност на Lagonda.

Но, факт е дека токму оваа ексклузива на Lagonda во минатото не и донесе посебен успех. Се надеваме дека ова нема да биде проблем во иднина и дека новите автомобили кои ќе го носат престижниот беџ ќе имаат многу повеќе поклоници отколку во минатото.

Сепак, сеуште е рано да се предвидува бидејќи првиот автомобил на Lagonda треба да се појави на пазарот дури во 2012.


 

 

 

Facebook