|
16.08.2007 |
Volkswagen ќе го искористи салонот во Франкфурт
за да и го претстави на јавноста првото издание BlueMotion на својот
популарен компакт.
BlueMotion се ултра ефикасни дизел мотори на Volkswagen
кои комбинираат не само штедлив дизел туку и други технологии кои помагаат во
штедењето на гориво.
Новиот Golf BlueMotion троши само 4,5
литри дизел на 100 километри што е еквивалент на ривалите со хибридна
технологија. При оваа потрошувачка емисијата на јаглерод диоксид изнесува само
199 g/km, а со полн резервоар можат да се поминат 1.200
километри.
Под хаубата се крие TDI кој
остварува 105 КС и соработува зедно со аеродинамичката оптимизираност на
каросеријата, новиот софтвер за управување со моторот и гуми со низок
коефицијент на отпор при тркалање за да ја постигне оваа неверојатно ниска
потрошувачка.
Дополнувањето на гамата со овој модел ја зголемува
понудата на VW на девет супер ефикасни автомобил. Но, во иднина треба да
се очекува повеќе со најавата за хибридни автомобили.
|