Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Golf, Fiesta и iQ во битка за Светски автомобил
17.03.2009
world-car-of-the-year-1.jpgНатпреварот за Светски автомобил на годината, од година во година станува се поинтересен и се обидува да го земе приматот на трите најголеми и најважни избори на автомобил на годината.

Ова се однесува на наградите за Автомобил на годината во: Европа, Северна Америка и Јапонија, за кои изборот на Светски автомобил на годината сака да стане алтернатива.

Сето ова има некој логика и се должи на масовната глобализација на светскиот пазар и создавањето на што повеќе глобални модели од страна на производителите на автомобили.

Светскиот автомобил за 2009 ќе биде избран од жири составено од 59 новинари од автомобилските медиуми од 25 држави ширум светот, а критериумот е автомобилите кои се пријавени за учествуво да бидат пуштени во продажба во 2008 на најмалку два континенти.

Како се ближи крајот на изборот жирито ги објави трите финалисти кои ќе се борат за престижната титула Светски автомобил на годината. Тоа се Volkswagen Golf VI, Ford Fiesta и Toyota iQ.

Во склоп на овој избор традиционално се избираат и World Performance Car Of The Year или Најдобар спортски автомобил на годината, World Green Car Of The Year или Најеколошки автомобил на годината и World Car Design Of The Year или Автомобил со најдобар дизајн на годината.

Кај спортските автомобили финалисти за титулата се Corvette ZR1, Nissan GT-R и обновениот Porsche 911 Carrera.

Меѓу еколошките автомобили се Honda FCX Clarity, електромобилот Mitsubishi i-MIEV и повторно Toyota iQ.

За титулата најдобаро дизајниран автомобил ќе се борат Citroen C5, Fiat 500 и Jaguar XF.

Изборот на Светски автомобил на годината ја нема традицијата и популарноста на изборите за автмобил на годината во Европа, Северна Америка и Јапонија. Нo, факт е дека неговата популарност постепено расте.

Тој за прв пат беше организиран во 2005 и прв автомобил кој ја понесе титулата светски автомобил на годината беше Audi A6. Во 2006 титулата и припадна на новата генерација на BMW Серија 3, 2007 победи L exus LS460, а минатата година Мazda2.

Годинава победникот ќе биде прогласен на 9 април за време траење на автомобилскиот салон во Њујорк.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook