Get Adobe Flash player
Golf Plus официјални детали
05.12.2008
vw-golf-plus-1.jpgVolkswagen го претстави наследникот на Golf Plus на салонот за автомобили во Болоња откако по грешка брошурата на автомобилот се најде на штанд на мотор шоуто во Есен.

По три и половина години минати на пазарот, VW одлучи да го модернизира Golf Plus пренесувајќи го стилот од новата шеста по ред генерација на Golf.

Дизајнерските елементи од Golf VI посебно се забележуваат напред кај редизајнираниот браник, маската и предните светла. Измени претрпел и задниот браник, а додадени се и нови шини на кровот.

Воедно купувачите ќе можат да бираат од цела палета на ново дизајнирани леснометални бандажи, но и нови радкапни кои ќе ги покриваат челичните тркала кај верзиите со пониско ниво на опрема.

Во кабината измените се однесуваат на нови материјали за поставување на седиштата и нова генерација на инструменти. На располагање се повеќе волани со различен дизајн и функции на копчињата.

Технички новиот Golf Plus се потпира на Golf VI. Ова значи дека под хаубата ќе работат новите комонреил дизели кои во просек трошат 0,8 L/100 km помалку отколку моторите во актуелниот модел.

Остатокот од гамата мотори е позната и работи во безмалку сите модели на групацијата VW. Меѓутоа Golf Plus се откажува од конвенционалниот автоматски менувач. Место него ќе се вградуваат исклучуво DSG менувачите со шест и седум степени.

Останатите технички новини кои ќе се вградуваат во Golf Plus се адаптибилниот темпомат ACC, системот за помош при пракирање Park Assist со камера за поглед кон назад.

Нивоата на опременост се преструктуирани и новиот Golf Plus ќе нуди значително повеќе опрема во секој од пакетите Trendline, Comfortline и Highline како најопремена верзија.

Цените сеуште не се објавени, но треба да се очекува мало поскапување во однос на актуелниот модел. Продажбата во Европа стартува во март 2009.


 

 

 

Facebook