|
25.10.2007 |
Honda ќе биде
еден од првите производители на светот што сериски ќе произведува возило
погонето со горивни ќелии. Концептот FCX на фотографијата влегува во серија во ноември.
Honda исто така
најави хибриден спортски автомобил кој ќе биде базиран на претставениот концепт
CR-Z кој исто
така ќе влезе во серија наскоро.
Најавата доаѓа директно од претседателот на Honda, Такео Фукуи кој истакна дека
возилто со горивни ќелии ќе биде претставено на салонот во Лос Ангелес следниот
месец и ќе пристигне во продажните салони во САД и во Јапонија во првата
половина од 2008.
Новиот спортски хибрид би требало да стигне до купувачите
во 2009 и ќе биде предводник на идната глобална фамилија на хибриди на Honda.
Honda беше еден
од првите производители на светот со хибрид, но набрзо ја изгуби трката кога на
пазарот пристигна Toyota
Prius.
Најновите модели ќе и помогнат на Honda да го врати имиџот
на зелен производител и да ја достигне зацртаната цел од 250.000 продадени
хибриди до 2009.
 
|