|
05.12.2011 |
|
Градењето на фабриката во Ловеч, Бугарија нема да биде единствената инвестиција на кинескиот производител Great Wall Motors на тлото на Европа, Кинезите планираат да се шират.

Најновата информација која доаѓа од Great Wall вели дека компанијата ќе гради развоен и технолошки центар во Европа со цел да развива автомобили кои ќе бидат блиски на вкусот на европските клиенти.
Воедно Great Wall сака да запосли евроски инженери и дизајнери кои ќе работат на подигнување на безбедноста на автомобили, подобрување на шасијата, подвозјето, механиката и електрониката.
Првичен договор е потпишан со холандската компанија TNO која што ќе биде задолжена за да помогне во развојот за подигнувања на безбедноста на автомобилите.
Точни информации каде ќе се гради технолошкиот центар на Great Wall сеуште нема, ниту пак се знае кога ќе почне неговата изградба и кога ќе стартува со работа.
Од Great Wall наведуваат дека тоа ќе се случи скоро.
|