Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Great Wall спремен да освојува
30.01.2012

Great Wall Motors, еден од најголемите производители на автомобили кои доаѓаат од Кина се подготвува да го освои македонскиот пазар преку официјалниот застапник компанијата Toltu.

great-wall-mkd-1-2012-1

Неа ја познаваме како застапник на Subaru, а од сега и како застапник на Great Wall Motors. Кинеската марка повеќепати ја спомeнувавме на страниците на интернет магазинот Vozi!

Најмногу заради соработката со компанијата Литекс Моторс од Бугарија од која произлегува фабриката во Ловеч каде ќе се произведуваат моделите на Great Wall Motors - GWM.

На ова се надоврзува и изградбата на новиот технички центар во Европа со холандската компанија TNO и заедничката компанија со германските гиганти BorgWarner Inc. и Robert Bosch GmbH.

Како и на останатите пазари во Европа и кај нас пристигнуваат три модели на GWM. За нив веќе пишувавме. Станува збор за малиот Voolex C10, теренецот Hoover 5 и пикапот Steed 5.

Во моментот Voolex C10 се нуди само во најопремената верзија по цена од 8.200 евра со мотор 1.5 со 97 КС. Со доплата од 1.200 евра се добива и фабрички вграден уред за возење на течен нафтен гас LPG.

Пикапот Steed 5 се нуди со бензински мотор од 2.4 литри со 127 или со дизел од 2.0 литри со 142 КС и со погон на задни или на сите четири тркала. Неговата цена стартува од 11.740 евра за бензинец со погон на задна оска.

Најопремената верзија со дизел и погон на четири тркала чини 16.700 евра. Секако при купување на пикапот правните лица имаат поврат на ДДВ, интересно и теренецот Hoover 5 е регистриран во категоријата N1 што значи дека и за него се нуди поврат на ДДВ.

Hoover 5 за сега се нуди само со 2.4 литарскиот бензинец со погон назад или на сите четири тркала. Цената стартува од 14.200 евра за погон назад, а најопремениот модел со погон на четири тркала чини 16.950 евра.

Продажбата почна, а првите примероци веќе стигнаат до своите македонски сопственици. Она што ветува кај Great Wall е гаранцијата од 5 години или 150.000 километри на сите модели.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook