|
16.11.2009 |
|
Од денес 16 ноември Mercedes почна да ги прима нарачките за новиот Gullwing. SLS AMG сега може да се нарача во салоните и овластените претставништва на Mercedes во Германија.

Почетната цена на суперспортистот на Mercedes со врати кои се отвораат како галебови крилја и моќниот 6.3 литарски V8 со 571 КС под хаубата е 177.310 евра во Германија.
Повеќе информации за перформансите, дизајнот, опремата како и возбудливи видео материјали можат да се најдат на www.mercedes-amg.com и на www.mercedes-benz.mk.
Mercedes и AMG истражуваат нови начини на комуникација со клентите преку социјалните мрежи. Повеќе за Gullwing може да се открие на www.sls-amg-reporter.com каде што фановите ќе најдат видео материјали и статии за SLS AMG од репортерот Метју К.
Овој 36 годишен ентузијаст ќе го следи и известува за лансирањето на SLS AMG на различни краеви од светот. Неговите забелешки можат да се најдат и на http://twitter.com/sls_amg, а најнови информации за SLS AMG се достапни и на www.facebook.com/MercedesBenz.
|