Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Gumball 3000 прекинат по трагичниот настан на Ќафасан
04.05.2007
dreamteamout По повеќе од 24 часа од кобниот инцидент на Ќафасан, Gumball 3000 е прекинат. Организаторите настојуваа тивко да го привршат релито, но силната осуда во медиумите му стави крај на Gumball.


Обидот на „Тимот на соништата” да побегне од местото на незгодата и да се провлече од другата страна на границата беше силно осуден од сите светски медиуми и стави дамка на целиот настан, кого со одушевување го следеа многу автомобилски ентузијасти. Со тоа не им преостана ништо друго на организаторите освен целосно да го прекинат релито што е забрането да се вози во повеќе европски држави.

Спонзорите на релито го тргнаа настанот од своите интернет страници и се откажаа од понатамошна поддршка на Gumball 3000, фановите го критикуваа срамниот обид за бегство на Ник Морли на буквално секој форум каде што се спомнуваше Gumball, дури и учесниците почнаа да се повлекуваат.

Организаторите имаа 9 години на располагање да размислуваат околу нивната реакција при сценарио какво што се случи на Ќафасан, но последните две известувања за печатот и игнорантскиот став што се препознава во нив, покажува дека нив им е многу поважно да си го спасат задникот отколку да ја кажат вистината. Gumball 3000 стави лош печат на сите други рели натпревари што се одржуваат по светот.

Добрата организација значи да се преземе одговорност и да се преземат сите мерки да се заштитат учесниците и публиката.

Им изразуваме сочувство на членовите на семејството Чeпуњоски.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook