|
22.05.2008 |
Ова е уште еден автомобил кој ќе атакува на 24 часа
Нирбургринг, a ќе се бори против фабричките тимови на Toyota,
Audi, Volkswagen, Opel на 36. издание на престижната трка.
Gumpert Apollo е еден чуден автомобил дело на
германскиот производител на спортски автомобили кого го задвижува за сега во
оваа трка првпат видена комбинација на моќен турбо бензинец
врзан со електромотор.
Примарниот двигател има зафатнина од 3.3 литри, распоред
на цилиндри V8 со два турбо полнaчи и остварува импресивни 630 коњски
сили врз кои згора доаѓа електро мотор со јачина од 100 kW.
Интересно е што тркачката верзија всушност е помалку
моќна отколу сериската, но исто како кај Audi R8 измените
на моторот се направени за да се задоволат правилата.
Инаку серискиот Apollo го задвижува 4.2
литарски бензинец од Audi кој со помош на два турбо полначи остварува 650 коњски
сили доволни за забрзување до 100 km/h за помалку од 3
секунди и максимална брзина од 360 km/h.
Моторот е сместен
во просторна шасија изработена од хром-молибден челични цевки, а моќта до
задните тркала се пренесува преку шест степен секвенцијален менувач.
На Нирбургринг Apollo ќе се натпреварува
во класата во која се наоѓаат и Audi R8 и Lexus
LF-A, а зад воланот седат имиња како Хајнц-Харалд Френцен и Дирк Милер од WTCC тимот на BMW.
|