|
Мајсторите од престижната германска куќа Hamann Motorsport го претставија својот прв тјунерски пакет за доработка на супер спортскиот автомобил на Mercedes со галебови крила SLS AMG.

Како што наведуват од Hamann претставениот тјунерски пакет е почетното ниво и станува збор за т.н. благ тјунинг. Се работи за замена на леснометалните бандажи и издувот и суспензијата.
Да поченеме од леснометалните бандажи кои се дел од серијата на Hamann наречена Design Edition Race. Имаат дијаметар од 21 инч и составени се од три дела. Прстенот на бандажот и шрафовите носат боја на титаниум додека централниот дел со пречките е обоен во мат црна боја.
На нив се поставени гуми со димензии 245/30 ZR21 напред и 295/25 ZR21 одзади. Овој посебен пакет леснометални бандажи и гуми за SLS AMG од Hamann го проценуваат на 10.500 евра.
Издувниот систем доаѓа од светот на мотоспортот и комплетно е изработен од не`рѓосувачки челик со полирана внатрешност и поголем дијаметар на цевките за зголемен проток и побрз одвод на издувните гасови.
Од Hamann не наведуваат дали измената на издувот ја подигнала и моќноста на 5.5 литарскиот V8 битурбо со 571 КС, или пак, само се добило на побрз одзив на моторот на педалот за гас и полесно вртење. Издувот завршува со четири издувни топа секој со дијаметар од 90 mm.
Суспензијата исто така е дериват на продуктите кои Hamann ги подготвува за својата спортска програма. SLS AMG добил нови пружини и амортизери со што подот е приближен до асфалтот за 30 mm.
Од Hamann истакнуваат дека почетниот пакет е доволен да се задоволат основните потреби за тјунинг на соствениците на SLS AMG. Воедно упатуваат дека во комапнијата се развива комплетен тјунерски пакет која опфаќа измени на моторот и на каросеријата со што ќе се заокружи понудата.
|