|
На салонот во Делхи, Hyundai го претстави концептот Hexa Space кој ја следи новата дизајнерска филозофија на марката и во кого собира осум патници заедно со возачот, таман за со Б категорија.

Hyundai Hexa Space е поставен на основата на моноволуменот ix20 и изобилува со шестоаголни форми од каде доаѓа и името. Долг е 4.300 mm, широк e 1.620 mm и има меѓуоскино растојание од 2.750 mm.
За да се сместат осум патници дизајнерите одлучиле во првиот и во вториот ред да сместат по три седишта од кои центрлните не се во иста линија со страничните, односно се малку повлечени наназад.
Во третиот ред се поставени две седишта и тие можат да се склопат во багажникот кога од нив нема потреба. Hyundai го поставува Hexa леснометални бандажи од 19 инчи со уникатен дизајн.
Под хауба е спакуван мотор од нова генерација, T-GDI, кој има зафатнина од 1.2 литри, турбо натполнење и директно вшприцување на горивото. Неговите перформанси Hyundai сеуште не ги открива.
Сепак треба да се очекува моќност од околу 150 КС и висок вртежен момент од околу 200 Nm кои кон предните тркала се испраќаат преку шест степен автоматски менувач веќе познат од другите модели на марката.
Од Hyundai наведуваат дека концептот Hexa Space нема да остане само како експонат, имено идејата ќе биде искористена за нов ван кој на пазарот би пристигнал за 3 до 4 години.
|