Get Adobe Flash player
Holden Efijy концепт на годината во Америка
02.07.2007
holden_efijy-1Hot-rod концептот на Holden, Efijy ги собра ловориките за Северно американски концепт на годината на доделувањето на наградите во Сала на славните за автомобилската индустрија.

Од 34 изложени концепти меѓу кои имаше и такви што чинат по неколку милиони долари Holden Efijy беше избран за најдобар од страна на експертите.

За разлика од супер скапите концепти Efijy е направен од мала група на ентузијасти по цена од 200.000 долари. Под прекрасната каросерија се сокрива V8 од 6.0 литри кој со помош на механички компресор остварува 645 КС и вртежен момент од 775 Nm.

И покрај многубројните богати понуди на автомобилски ентузијасти од цел свет Efijy не е за продажба и ќе биде изложен во музејот на Holden во Австралија.

holden_efijy-2

 

 

 

Facebook