|
21.09.2007 |
Имате некој милион вишок и не сте заинтересирани за Bugatti Veyron или Lamborghini
Reventon, тогаш Holden, филијалата на General Motors во
Австралија има нешто за вас.
Компанијата го претстави концептот Efijy
во 2005 како модерна интерпретација на хотрод од минатото, но оваа машина по
претставувањето не беше испратена право в гаража.
GM ја испрати во САД и ја прикажа на
годинешниот Северно Американски салон наречен „Концепт на годината”.
Концептот предизвика толкаво внимание и интерес кај
обожувателите така што Holden се најде во безизлезна ситуација и одлучи да го
произведува Efijy по нарачка за екстремно богатите клиенти.
Автомобилот ќе чини околу 1.2 милиони долари, што во
основа е цената на чиниње на изработка на овој автомобил без профит. Можен
партнер за изработка на автомобилот е организацијата на Том Волкиншоу која го
потпомага тркачкиот оддел на Holden.
Нема никакви информации за спецификациите или пак за
перформансите на автомобилот. Единствено се знае дека концептот е изработен на
платформата на Corvette C5.
|