|
09.10.2007 |
Токму овој концепт би требало да биде ѕвезда на штандот
на Honda во Токио. Она што е сигурно е дека концептот CR-Z
Hybrid е можна пред премиера за популарната Honda CRX.
CR-Z би требало да биде урнек за новата генерација на лесни
спортски автомобили задвижувани од електро бензинскиот хибриден систем на Honda,
но поверојатно е според извори блиски до јапонската марка дека, како што
рековме, ова е претходница за наследникот на омилениот CRX.
Познатиот профил и стаклената задна врата недвосмислено
упатуваат на CRX, а тука е и забелешката за големата сличност во името.
Главни значајки на новиот концепт се предимензионирана
предна маска и агресивни отвори за воздух, средишно поставен издув со две цевки
и задна врата облечена во стакло.
Останатите дизајнерски детали вклучуваат електронски
странични ретровизори, предни светла од светлечки диоди и огромни леснометални
бандажи од 19 инчи.
Во интериерот може да се забележи комбинација на спортско
и хај-тек уредување. Мрежести материјали за обложување на кабината, светлечки
диоди кај таблата со инструменти и многу, многу стакло.
|