Get Adobe Flash player
Honda CR-Z оди како алва
16.03.2010

Honda соопштува дека за само две седмица откако стартуваше продажбата на спортскиот хибрид CR-Z на јапонскиот пазар продадена е повеќе од половина од производството предвидено за оваа година.

honda-cr-z-geneve-2010-1

Плановите на Honda се годишно да произведува по 12.000 примероци од CR-Z, што значи дека во моментот нарачките ги минале производствените капацитети, па така клиентите кои уплатиле ќе мораат да чекаат околу три месеци за да го добијат својот нов хибриден миленик на четири тркала.

Од Honda се радуваат на големата побарувачка, но сеуште не се сигурни дали првичните планови за годишното производство ќе треба да се менуваат, или пак, се работи за почетна еуфорија која со тек на време ќе спласне и побарувачката ќе се задржи на предвиденото.

Имено челниците на Honda не сакаат да го претворат CR-Z во масовен производ со цел да се задржи одредена ексклузивност.

И додека CR-Z со продажниот бум ја освојува Јапонија европјаните ќе почекаат. Во Европа продажбите стартуваат на лето, а највпечатливата разлика меѓу европската верзија на CR-Z и онаа наменета за јапонскиот и пазарот во САД се светлечките диоди за возење дење.

Во Британија Honda CR-Z стартува со цена од 17.000 фунти.

 

 

 

Facebook