Get Adobe Flash player
Honda CR-Z во европска изведба
09.02.2010

На претстојниот салон во Женева Honda најави дека ќе ја претстави европската верзија на својот нов хибрид купе CR-Z која ќе се разликува од веќе претставената верзија наменета за во САД.

honda-cr-z-europe-2010-1

Измените се однесуваат на ситни дизајнерски модификации од кои најмногу се забележува менувањето на оптиката на предните светла, односно вградување на светлечки диоди кои се користат како дневно светло бели место жолти светла за трепкачи.

Задните светла остануваат исти единствено исто како и напред место жолто задните трепкачи ќе трепкаат со бело светло. Внатре верзијата наменета за европскиот пазар ќе има распоред на седење 2+2 место пет места за седење како верзијата за во САД.

Понатаму европските купувачи ќе имаат можност да уживаат во рачно менување на степените на шест степениот мануелен менувач. Со ова новина Honda CR-Z станува првиот автомобил со хибриден систем спарен со мануелен менувач.

Со комбинирањето на хибридната технологија и мануелниот менувач е постигната уште поголема економичност. Европскиот CR-Z во просек ќе троши 5 литри на 100 изминати километри место просечни 6,4 L/100 km на американскито кој има континуиран варијабилен менувач.

Трите модус и на возење Sport, Normal и Economy остануваат како и можноста на тркалезниот бројач на вртежи со вграден дигитален брзиномер да ја менува бојата во зависност од избраниот модус.

Кога се вози во Economy модусот инструментот свети зелено, во модусот Normal сино, додека внатрешниот круг засветува црвено кога возачот во CR-Z ќе го избере спортскиот модус за возење.

Под хаубата работи 1.5 литарскиот бензинец врзан со електромотор во системот IMA како кај Insight и со заедничка моќност од 124 КС кои на европскиот CR-Z заради мануелениот менувач му овозможуваат уште подобро забрзување до 100 km/h.

Максималната брзина Honda сеуште не ја открива како и цената која ќе биде објавена на претставувањето во Женева. Продажбата стартува кон средина на годината.

 

 

 

Facebook