Концептите
на Honda се претвораат во реалност. Од Honda пристигнува
информацијата дека хибридниот спортски автомобил купето CR-Z ќе
стартува со продажба во февруари 2010.
На почеток продажбата ќе биде ограничена само на пазарот
во Јапонија. CR-Z по Civic
Hybrid и Insight
e третиот по ред хибрид во гамата на Honda, a четвртиот ќе биде хибридната верзија на Jazz, односно Fit која
на пазарот во Јапонија ќе пристигне до крајот на 2010.
Со претставување на двата нови хибриди Honda
тежнее да стане најзелениот производител на автомобили во светот. CR-Z и Jazz Hybrid ќе бидат задвижувани од погонот IMA Integrated Motor Assist на Honda кој веќе работи во Civic
Hybrid и во Insight.
Купето CR-Z кога ќе се појави на пазарот нема многу да се разликува од концептот претставен
на салонот во Токио во 2007. Интересно е што развојот на CR-Z комплетно е префрлен во Европа.
Дизајнот и инженерингот на автомобилот ќе бидат направени
во Европа која според одговорните во Honda ќе биде најголемиот пазар за CR-Z. Се очекува под хаубата покрај електромоторот да работи и бензинец со
моќност од 140 КС.
За сега во Honda не откриваат повеќе околу развојот на своите нови хибриди. Но, затоа
потврдуваат дека работат на развој на комплетно нов хибриден систем создаден за
возила од повисоките класи.
Иако не се спомнува се очекува во иднина хибридниот погон
да биде дел од целата гама модели на Honda.
|